
Кристина Исаиловска

Моите почетоци со шминка? Имав 4 години, јас и карминот на мајка ми :) Професионално, мојот почеток беше обуката што ја посетував кај Анастасија Cherry Lady во Гостивар.
Откако паметам за мене сум била вљубеник во убавина, стил и естетика. Пресреќна сум што можам преку моите вештини да направам некој, барем за момент, да сјае.
Можноста што ја имав да работам кај Сим Салтирова ме научи на нешто што не може да се прочита во книга. Сè уште се враќам во студиото за поединечни проекти.
Таму стекнав искуство во три типа на шминка на кои се фокусирам и денес, секојдневна шминка или за свечености, невестинска и едиторијал шминка.
Денес работам самостојно, моето студио е во Порта Влае, и сум возбудена што конечно работам на мојот личен бренд — Glow.
Сопруга сум и мајка на две прекрасни ќерки. Тоа е реченицата што најмалку треба објаснување.
Благодарна сум на сите што ми дадоа енергија да го остварам мојот сон. Однапред се радувам на секоја идна шминка, и со нетрпение ве очекувам.
“Истакни ја својата природна убавина.”
- Години искуство
- 4+
- Обука кај
- Сим Салтирова
- Локација
- По договор
Твојата природна убавина, доведена до блесок.
Резервациите се на договор.
